talk
01 - Вештачка интелигенција која работи за вашиот бизнис

Софтверски решенија

направени за вашиот бизнис.

Со вештачка интелигенција

која работи за вас.

Развиваме софтвер прилагоден на вашиот бизнис, вашите процеси и вашите цели. Секое решение е дизајнирано да одговара на начинот на кој работите, да решава реални предизвици и да го поддржува вашиот бизнис во неговиот раст.

Знаеме правилно да ја интегрираме вештачката интелигенција во нашите решенија, на начин што значително ќе ја зголеми ефикасноста во вашето работење.

012— Модерни веб страни, со вградена вештачка интелигенција

Веб страна

со фокус на вашиот бренд

Имате веб страна со дизајн што не го отсликува вашиот бренд? Ви требаат функционалности кои што CMS системот што го користите едноставно ги нема?

Нашиот пристап е поинаков. Тргнуваме од идентитетот на вашиот бренд и го градиме дизајнот околу него — без генерички шаблони и без приспособување на веќе видени решенија.

Развиваме со Angular, технологија поддржана од Google, која ни овозможува да развиеме веб страна со сите важи потребни функционалности, брзо и и ефикасно.

Вашата содржина живее во Contentful, CMS од новата генерација. Напишете ги вашите текстови, прикачете ги сликите, организирајте ги во страници — и оставете магијата да се случи.

Знаеме како да интегрираме вештачка интелигенција. Вашата веб страна ќе може да ги разбере потребите на вашите клиенти, и ќе знае како да им помогне.

Angular
Contentful
Целосна контрола врз содржината
Вградена вештачка интелигенција
aem
03 — AEM како Cloud Service
Паметна поддршка
за вашата
AEM as a Cloud Service платформа

Одржувањето на вашата AEM платформа од страна на агенција може да чини многу. Ние нудиме модел кој значително ги намалува вашите трошоци, без притоа да правиме компромис со квалитетот. Нашиот тим работи со AEM технологиите уште од нивните почетоци.

 

Постојат периоди кога вашата платформа работи непречено — има малку грешки и нема нерешени барања. Но, има и периоди кога нешто треба веднаш да се поправи или е потребна нова функционалност што е можно побрзо. Во нашиот модел се прилагодуваме на обемот на работа што го имате: немате барања— нема сметка, а кога ќе имате барања, започнуваме без одложување.

Работиме со AEM уште од неговите почетоци
Намалете ги трошоците без да го изгубите квалитетот
Модел на флексибилен обем
typing
04 — Финтек апликации

Експерти за

финансиски софтвер

Имаме долгогодишно искуство во развој на fintech апликации. Нашите клиенти започнаа како стартапи. Нашиот софтвер им помогна да ги претворат своите идеи во стабилни дигитални производи кои денеска растат заедно со нивниот бизнис.

Го разбираме светот на финансиите. Имаме експерти кои знаат како да изградат безбеден и стабилен, а иновативен финансиски софтвер.

финтек
платежни услуги
размена на валути
compliance
Флексибилни модели на соработка
Комплетен производ

Во овој модел, на почеток го дефинираме продуктот што треба да се изработи, договараме време на изработка и цена. Со тоа, преземаме одговорност да го исполниме договореното.

Тим што работи за вас

Тим до 5 full-stack програмери кои што ќе работат исклучиво на ваш проект. Во овој модел, договараме цена по изработен час.

Партнерство

Имате идеја и го барате вистинскиот технолошки партнер? Ајде да разговараме.

Отворени сме за различни начини на соработка и за изнаоѓање партнерски модел што би донел взаемен бенефит.

Поддршка
Анализа
Дизајн
Развој
Испорака
people
Успешни приказни

ionfi.com

Веб-страница изградена со Angular и Contentful - најпрво идентитетот,

а потоа и дизајнот, со контрола за содржината целосно во рацете на клиентот.

Не сте сигурни која

услуга ви е потребна?

Испратете ни порака и нашиот тим ќе ве контактира за да одговори на сите ваши прашања.

Закажи консултација